dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Конечен ревизорски извештај

Кои сме ние?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии

Ревизорски извештаи

Соопштенија и вести

Претседателски избори
Локални избори
Парламентарни избори
Претседателски избори

Статус на ревизии

Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН

Цели на одржлив развој

SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDGSDGUN
Organizacija
 

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"

м-р Максим Ацевски
Главен државен ревизор
 

 

e-learningИнвестициона мапа

 

 

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Државниот завод за ревизија и Органот за отчетност на Обединетите Арапски Емирати

22.07.2026
Оваа соработка претставува значаен чекор во продлабочувањето на меѓународните партнерства на Државниот завод за ревизија и придонесува кон понатамошно унапредување на квалитетот, ефикасноста и современиот пристап во спроведувањето на државната ревизија

Недостатоците во регулативата, недоволни човечки ресурси и недоволно преземени активности (фискален напор) го ограничуваат фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа

22.07.2026
Во периодот 2020–2024, општините акумулирале речиси 3 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, како резултат на слабости во правната рамка, застарени методологии, нецелосни регистри, недоволни административни капацитети кои не обезбедуваат ефикасно фискално управување на локално ниво

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Скопје со 86 милиони денари неуплатена комунална такса во буџетот на Општина Центар и 20 милиони застарени побарувања

10.07.2026
Со ревизијата утврдени се слабости во финансиското управување и работење на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, односно несоодветно евидентирање на опремата и градежните објекти, неуплатена комунална такса од 86 милиони денари во буџетот на Општина Центар, 25% од вкупните побарувања се постари од шест години и без преземени мерки за наплата или обезвреднување, неправилности во постапките за јавни набавки и слабости во благајничкото работење

Финансиски, организациски и технички слабости го отежнуваат работењето на ЈП „Комунална хигиена - Скопје“

10.07.2026
Јавното претпријатие се соочува со високо учество на побарувања чија наплатливост е неизвесна, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност, нефункционалност на возниот парк со просечна старост од 15 години, од вкупно 189 специјални комунални возила 60% се неисправни и тоа влијае на намалена способност за генерирање економски користи

Нерамномерна распределба на средствата за активните мерки за вработување по плански региони во државата

08.07.2026
Со ревизија утврдено е дека за активните мерки за вработување во 2024 година се исплатени 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05% од мерката самовработување и над 50% од мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се реализирани во само неколку градови Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, додека останатите добиле значително помал удел