dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Цели за одржлив развој

SDG

Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации

Вкупно 18 агенции ќе работат заедно со новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (Рамка за соработка) во наредните пет години за да и помогнат на земјата да ги оствари Целите за одржлив развој: 17 меѓусебно поврзани и амбициозни цели што се однесуваат на главните развојни предизвици со кои се соочуваат луѓето од Северна Македонија и низ светот. Рамката за соработка 2021-2025 е главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на Обединетите нации во Северна Македонија, изработен во блиско партнерство со Владата на Северна Македонија и други значајни партнери.

Таа е усогласена со националните развојни приоритети, меѓународните човекови права, обврските за родова еднаквост и Агендата 2030. Препознавајќи го значењето на членството во Европската Унија (ЕУ) како главен национален приоритет, Рамката за соработка настојува да обезбеди и целосно усогласување со процесот на интеграција во ЕУ.

 

Цели за одржлив развој во РС Македонија

Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет.

 

05.01.2023