Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

 

Контролор на личните податоци е Државниот завод за ревизија (во натамошниот текст:ДЗР) со седиште на улица „Павел Шатев“ бр. 2 (Палата „Емануел Чучков“) Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории:

  • Посетители на нашата интернет страна www.dzr.gov.mk. Обработуваме податоци за страните кои се посетуваат, кои се користат за анализирање на посетеноста на нашата веб-страна како и нејзината употребливост. Исто така обработуваме податоци од тип на акции заради имплементирање на информациската сигурност на нашата веб страна и заштита од неовластени упади и/или напади. Повеќе информации за нашата употреба на колачиња во нашата Политика за користење на колачиња. [врска].
  • Баратели и други физички лица во врска со поднесување на барања и/или разни други пријави и предлози преку контакт формата. Овие барања/пораки необврзувачки содржат информации за идентитетот на испраќачот. Овие податоци имаат ограничен обем, вообичаено име, презиме и контакт податоци, кои се тесно поврзани со самото барање.
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите необврзувачки се бараат информации за идентитетот на испраќачот и природата/потребата на самото барање. Овие податоци имаат ограничен обем, вообичаено име, презиме и контакт податоци, кои се тесно поврзани со самото барање.

1. Податоци за посети

При посета на нашите интернет страни, платформата за секој посетител креира логови со следниве податоци:

  • Времето на посетата
  • Страната која се посетува и подопциите при тоа
  • Страната од која е препратена посетата и во некои случаи клучните зборови кои се користени при истотото препраќање
  • Оперативниот систем кој се користи и нагодувањето за екранска резолуција
  • Видот на пребарувачот и неговата верзија
  • Јазикот кој се користи на пребарувачот
  • Интернет (IP) адресата од која се пристапува
  • Типот на уред од кој се пристапува

Сите записи (логови) ротираат и се пребришуваат на секои 7 дена, освен заради проучување на сигурносен или кориснички проблем.

 

2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, истрага, корективни санкции, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштитата на личните податоци, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и иницијативи за спроведување на супервизија, учество на нашата мрежа за офицери за заштита на лични податоци, пријавување на злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, пријавување на збирки на лични податоци со висок ризик и/или повреда на лични податоци или барање на било која друга административна услуга од ДЗР.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на барањата и/или иницијативите кои пристигнале, во форма која не открива нечиј идентитет.

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашиот email: [email protected]
  • преку пошта,
  • по факс,
  • усмено.

За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во ДЗР, кое го составило записникот и заведено во архивата на ДЗР.

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на ДЗР, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ДЗР ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ДЗР и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ДЗР согласно годишните листи за чување документарен материјал донесени со одобрение на Државен архив на Република Северна Македонија.

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци М-р Александар Поповски  на следниов e-mail: [email protected].

Ако сметате дека начинот на кој ДЗР ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, по која ќе се постапува, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.