dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Отворени податоци

Отворените податоци се податоци во машински читлив формат што може слободно да се користат и редистрибуираат од било кој, за било каква намена. Според тоа, податоците кои се даваат на располагање се слободни, во смисла дека пристапот до нив не е и не смее да биде на ниту еден начин условен или ограничен.

Во Република Северна Македонија, со Законот за користење на податоците од јавниот сектор се утврдува обврската органите и институциите од јавниот сектор јавно да ги објавуваат податоците кои ги создаваат во остварувањето на своите надлежности согласно со закон, односно да објавуваат отворени податоци, со цел да овозможат користење на тие податоци од страна на правни или физички лица за создавање на нови информации, содржини, апликации или услуги.

Државниот завод за ревизија, со ваквиот пристап значително се зголемува транспарентноста и отчетноста на Државниот завод за ревизија бидејќи корисниците може да ги добијат податоците во најосновната форма, давајќи им многу поголем потенцијал за изработка на истражувања, анализи, стории, како и апликации користејќи ги тие податоци.

Во делот на отворени податоци, ДЗР редовно објавува податоци поврзани со  планираните ревизии и објавените конечните ревизорски извештаи.

 

Конечни ревизорски извештаи 2014 - 2024

 

Планирани ревизии 2014-2025

01.05.2020