7.1 До 2030 година да се осигури универзален пристап до достапни, сигурни и современи енергетски услуги
7.2 До 2030 година значително да се зголеми уделот на обновливите извори на енергија во вкупната глобална понуда на енергија
7.3 До 2030 година двојно да се зголеми глобалната стапка на подобрување на енергетската ефикасност
7.а До 2030 година да се подобри меѓународната соработка за олеснување на пристапот до истражувања и технологии за чиста енергија, вклучително и за обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност и напредни и почисти технологии за фосилни горива, како и да се промовираат инвестициите во енергетската инфраструктура и технологиите за чиста енергија
7.б До 2030 година да се прошири инфраструктурата и да се надгради технологијата за снабдување со современи и одржливи енергетски услуги за сите во земјите во развој, особено во најмалку развиените земји, во малите островски земји во развој, во земјите во развој што немаат излез на море, во согласност со соодветните програми за поддршка