dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

1 - Нема сиромаштија

1.1 До 2030 година да се искорени екстремната сиромаштија на сите луѓе насекаде во светот, со која според тековните показатели се зафатени сите што живеат со помалку од 1,25 долари на ден

1.2 До 2030 година да се намали најмалку за половина бројот на мажи, жени и деца од сите возрасти што живеат во сиромаштија, во сите нејзини облици според националните дефиниции

1.3 Да се спроведат соодветни национални системи и мерки за социјална заштита за сите, особено за најзагрозените, а заклучно со 2030 година да се постигне значителен опфат на сиромашните и на ранливите

1.4 До 2030 година да се осигури дека сите мажи и жени, особено сиромашните и ранливите, имаат еднакви права на економски ресурси како и пристап до основните услуги, управување и контрола над земјиштето и други форми на сопственост, наследство, природни ресурси, соодветна нова технологија и финансиски услуги, како и микрофинансирање

1.5 До 2030 година да се изгради систем што ќе обезбеди поголема отпорност на сиромашните и ранливите лица и ќе ја намали нивната изложеност и ранливост пред екстремни настани предизвикани од екстремни климатски појави и други економски, социјални и еколошки шокови и природни катастрофи

1.а Да се обезбеди значајна мобилизација на ресурси од различни извори, вклучително и преку зголемена развојна соработка со цел да се обезбедат соодветни и предвидливи средства за земјите во развој, особено за најмалку развиените земји, за реализација на програми и политики со кои ќе се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми

1.б Да се создаде прифатлива политичка рамка на национално, регионално и меѓународно ниво во полза на сиромашните и врз основа на родово сензитивни стратегии за развој, да се поттикнат забрзани инвестиции наменети за активности во врска со искоренувањето на сиромаштијата

 

повеќе
23.12.2022