dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

10 - Намалена нееднаквост

10.1 До 2030 година прогресивно да се постигне и да се одржува растот на приходите на најсиромашните 40 проценти од населението, кои ќе имаат повисока стапка на раст од националниот просек

10.2 До 2030 година да се зајакне и да се унапреди социјалната, економската и политичката инклузија, без оглед на возраста, полот, попреченоста, расата, етничката припадност, потеклото, религијата, економскиот или друг статус

10.3 Да се осигури еднаква можност и намалување на нееднаквоста во постигнувањата, вклучително и преку елиминирање на дискриминирачките закони, политики и практики и промовирање соодветна законска регулатива, политики и активности за оваа намена

10.4 Да се усвојат политики, особено фискални политики, политики за плати и социјална заштита, и постепено да се постигне поголема еднаквост

10.5 Да се подобри регулативата и следењето на глобалните финансиски пазари и институции и да се зајакне спроведувањето на таквите прописи

10.6 Да се осигури зголемена застапеност и глас во процесот на донесувањето одлуки за земјите во развој, во глобалните меѓународни економски и финансиски институции со цел да се добијат поефективни, доверливи, отчетни и легитимни институции

10.7 Да се овозможи уредна, безбедна, редовна и одговорна миграција и мобилност на луѓе, вклучително и преку спроведување на планираните и добро управувани миграциски политики

10.a Спроведување на начелото за посебен и различен третман на земјите во развој, особено на најмалку развиените земји, во согласност со договорите на Светската трговска организација

10.б Да се поттикне официјална развојна помош и финансиски текови вклучувајќи и директни странски инвестиции во државите што имаат најголема потреба, особено во најмалку развиените земји, земјите од Африка, малите островски земји во развој и земјите во развој без излез на море, во согласност со нивните национални планови и програми

10.в До 2030 година да се намалат трансакциските трошоци за дознаки од мигранти на помалку од 3 проценти и да се елиминираат коридорите за дознаки со трошоци повисоки од 5 проценти

 

повеќе
23.12.2022