ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
28.06.2024
26.06.2024
26.06.2024
26.06.2024
Соопштенија и вести
28.07.2024
Барање за ревизија
Јавна анкета
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
Цели на одржлив развој
"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Државниот завод за ревизија го објави Годишниот извештај за 2023 година - 66 ревизии и 697 препораки за подобрување на управувањето со јавните средства
Во текот на 2023 година Државниот завод за ревизија ја реализираше својата Годишна програма за работа, со која беа извршени 66 ревизии, утврдени 957 состојби и дадени се 697 препораки, сите содржани во 100 ревизорски извештаи
Меѓусебна поддршка за ефикасно управување со јавните средства
Денеска, на 27.06.2024 година, во просториите на Државниот завод за ревизија, новоизбраниот министер за финансии, г-ѓа Гордана Димитриеска-Кочоска, оствари работна средба со главниот државен ревизор, г. Максим Ацевски
Отсуството на систем на управување со јавните инвестиции носи високи фискални ризици, неостварен економски раст и неостварени цели за подобар квалитет на животот на граѓаните
Отсуството на систем за управување со јавни инвестиции и непреземањето на корективни мерки предизвикуваат застој и бавна динамика на реализација на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за реализација на проектите и високи фискални ризици за јавните финансии, како и ризик за економијата и животот на граѓаните
Критичните информациски системи во ризик
Институциите и органите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита на критичните информациски системи заради отсуство на законска регулатива од областа на безбедноста на информациските системи, не усогласување со европските директиви и недоволната кадровска екипираност
Академија за финансирање на Целите за одржлив развој во Бар, Црна Гора
Целта на настанот беше учесниците да добијат информации за алатките кои се користат за подобрување на одржливите финансии во Западен Балкан, иновативното финансирање, даноците за ЦОР, поврзување на ЦОР со буџетот