ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Билатерална посета на Врховната ревизорска институција на Индија во Државниот завод за ревизија
Билатералната посета претставува значаен придонес за зајакнување на меѓународната соработка на Државниот завод за ревизија и унапредување на професионалните капацитети, во насока на унапредување на транспарентноста, отчетноста и ефективното управување со јавните финансии
Слабостите во капиталните инвестиции и исплатите по склучени договори создаваат финансиски и правни ризици за ДТИРЗ
Ревизијата утврди дека 287ха од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп, додека пак седум од вкупно 16-те зони, на вкупна површина од 203,5 ха, и една индустриска зона на површина од 3,2 ха не се ставени во функција, односно просторот на истите не е издаден на потенцијалните корисници
Државниот завод за ревизија ја донесе Годишната програма за работа за 2026 година
Согласно пропишаните критериуми во Упатството за стратешко и годишно планирање на ревизиите, ДЗР во 2026 година планира да изврши најмалку 237 ревизии, од кои 217 ревизии на регуларност, 13 ревизии на успешност и 3 ревизии на усогласеност и 4 ревизии на спроведување на дадените препораки содржани во Конечните ревизорски извештаи од минат период
Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година
Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет, според макроекономските индикатори објавени од страна на МФ за 2024 година изнесува 4,4% од БДП и е понизок во однос на 2023 година кога изнесуваше 4,8% од БДП
Работилница за унапредување на ревизијата на регуларност и примена на МСФИ
Работилницата е дел од заложбите на Државниот завод за ревизија за континуирано професионално усовршување на вработените, со цел постојано унапредување на нивните знаења и вештини и навремено прилагодување кон измените во меѓународната ревизорска и сметководствена рамка























