ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
16.07.2026
14.07.2026
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
2025
IV-Конечен
23.12.2025
23.12.2025
2025
IV-Конечен
16.12.2025
16.12.2025
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
ДЗР на јавна расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција и поддршката за жените жртви на насилство
На јавната расправа посветена на имплементацијата на Истанбулската конвенција, Државниот завод за ревизија ги истакна клучните системски слабости во обезбедувањето специјализирани услуги за жените жртви на родово базирано и семејно насилство, повикувајќи на поусогласен институционален пристап, стабилно финансирање и навремено спроведување на мерките
Општина Свети Николе со несоодветно постапување обезбедила бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште да извршува дејност
Општината не ги доставува барањата до надлежното министерство за добивање согласност за бесправно изградените објекти на земјоделско земјиште, остварува приходи од услуги за сместување во објект „одморалиште во Стар Дојран“ без притоа да ги обезбеди потребните согласности за извршување на наведената дејност и нема обезбедено функционалност на детската градинка „Рахилка Гонева“ во с. Ерџелија
ДЗР – ГРИЖАТА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Е НАШЕ ЗАЕДНИЧКО НАСЛЕДСТВО И НАША ЗАЕДНИЧКА ОБВРСКА!
ДЗР, во партнерство со „Grizzly Igloos & Mountain Center“, ја реализира акцијата за пошумување со засадување 100 садници во подрачјето на Козјак.
Општина Сарај со неевидентиран имот, инфраструктурни објекти без технички прием и незаконски спроведена постапка за 25-годишен даден закуп на Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај
Општина Сарај се соочува со слабости во процесот на буџетирање, сметководствено евидентирање и процена на имотот, несоодветно субвенционирање на ЈП, незаконски спроведена постапка за даден под закуп „Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај“ на 25 години и неправилности при спроведување на јавните набавки во однос на предметот на набавка, изведени активности надвор од техничката спецификација и пречекорување на вредносни прагови
Промотивен настан за Конечниот ревизорски извештај за имплементацијата на Истанбулската конвенција
Настанот заврши со заеднички заклучок дека спречувањето и елиминирањето на насилството врз жените е заедничка, а не само институционална одговорност























