Со ревизијата утврдени се слабости во финансиското управување и работење на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, односно несоодветно евидентирање на опремата и градежните објекти, неуплатена комунална такса од 86 милиони денари во буџетот на Општина Центар, 25% од вкупните побарувања се постари од шест години и без преземени мерки за наплата или обезвреднување, неправилности во постапките за јавни набавки и слабости во благајничкото работење
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Вести
- 14.07 2026Јавното претпријатие се соочува со високо учество на побарувања чија наплатливост е неизвесна, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност, нефункционалност на возниот парк со просечна старост од 15 години, од вкупно 189 специјални комунални возила 60% се неисправни и тоа влијае на намалена способност за генерирање економски користи
- 09.07 2026Со ревизија утврдено е дека за активните мерки за вработување во 2024 година се исплатени 1.442.207 илјади денари (23,4 милиони евра), но при распределбата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Повеќе од половина од средствата кај одделни мерки се концентрирани во мал број центри за вработување, односно 62,05% од мерката самовработување и над 50% од мерките субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти се реализирани во само неколку градови Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип, додека останатите добиле значително помал удел
- 03.07 2026
Во периодот од 30 јуни до 1 јули 2026 година, делег
- 29.06 2026Државниот завод за ревизија ја реализираше Годишната програма за работа за 2025 година, при што Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски го достави Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2025 година до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши
- 26.06 2026АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електропреносниот систем
- 23.06 2026Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на Фондот
- 11.06 2026Слабостите во системските контроли и размената на податоци меѓу институциите и недоволната ажурност и проверка на податоците за корисниците придонеле кон исплати на социјални права без целосно исполнување на законските услови и нанесена штета на Буџетот на државата
- 20.05 2026Искуствата и позитивните практики од Сингапур, особено во делот на користење на податоци за следење на напредокот и елиминирање на системските бариери, ќе дадат значаен придонес во финализирањето на ревизијата