Во рамки на билатералната посета, главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Европскиот суд на ревизори г. Тони Марфи остварија работна средба и со Претседателот на Собранието г. Африм Гаши
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Вести
- 08.05 2026Доставата на наведените извештаи може да се врши во архивата на Државниот завод за ревизија на адреса ул. Павел Шатев 2 Палата „Емануел Чучков“ во Скопје или електронски на официјалната адреса на Државниот завод за ревизија [email protected]
- 05.05 2026Не е извршено соодветно евидентирање на имотот на општината и не се преземени активности за запишување на правото на сопственост. Изградбата на локални патишта и улици е без одобрение за градење, реконструкцијата на инфраструктурните објекти е без проектна документација, а распределбата на средствата за култура и спорт не е извршена на транспарентен начин
- 24.04 2026
Државниот завод за ревизија учествуваше на конференцијата „Обликување на иднина
- 20.04 2026Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски учествуваше на стратешка работилница со која започна процесот за подготовка на новите стратешки документи на ДЗР, со поддршка на Националната канцеларија за ревизија на Норвешка и експерти од INTOSAI Development Initiative (IDI).
- 09.04 2026Буџетските трансфери за пензии достигнаа 690 милиони евра во 2024 година, а во 2025 година овие трансфери се очекува да го надминат наведениот износ. Стратегијата за стари лица е истечена пред повеќе од пет години, услугите за долготрајна нега се достапни за помалку од 1 отсто од постарите лица, што упатува на сеопфатни системски реформи. Постои ризик од зголемување на социјалната исклученост и дополнително оптоварување на јавните финансии во наредните децении
- 08.04 2026Настанот обединува претставници на врховните ревизорски институции од регионот и пошироко, како и експерти од СИГМА, УНДП и Европскиот суд на ревизори, со цел размена на искуства и унапредување на ревизорските пристапи во справувањето со предизвиците од климатските промени
- 07.04 2026Ревизијата е спроведена врз основа на Меморандумот за соработка потпишан во февруари 2024 година и Спогодбата за спроведување на паралелна ревизија од март 2025 година, во согласност со Насоките за спроведување на кооперативни ревизии GUID 9000.
- 07.04 2026Со ревизијата е утврдено дека и покрај долгогодишното спроведување и остварениот напредок во планирањето и реализацијата на програмите за скрининг, во услови на ограничени буџетски средства, сè уште не обезбедуваат доволна покриеност на целната популација, ниту навремена дијагностика, во обем што би овозможил системско потврдување на нивниот придонес кон раното откривање на малигните заболувања и намалувањето на морталитетот. Податоците покажуваат дека кај над 80% од пациентките со рак, лекувањето започнува во подоцнежни стадиуми