dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со Претседателот на Европскиот суд за ревизори

19.05.2026

На ден 19.05.2026 година, во Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми со своите соработници одржаа работна средба со Претседателот на Европскиот суд на ревизори г. Тони Марфи и г. Питер Борсос, аташе од канцеларијата на претседателот.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски изразувајќи задоволство од посетата на Претседателот на Европскиот суд на ревизори, кој е за прв пат во официјална посета на Државниот завод за ревизија, го запозна со активностите и постигнатите резултати на ДЗР како врховна ревизорска институција во државата.

Претседателот на Европскиот суд на ревизори, г. Тони Марфи, изрази задоволство од презентираните активности и резултати на Државниот завод за ревизија, притоа потенцирајќи дека Државниот завод за ревизија е сериозна врховна ревизорска институција која изминатите 15 години овозможила стажирање во Европскиот суд на ревизори за повеќе од 20 државни ревизори.

Во рамки на билатералната посета, главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Европскиот суд на ревизори г. Тони Марфи остварија работна средба и со Претседателот на Собранието г.  Африм Гаши на која ги дискутираа досегашните заеднички како и планираните идни активности во повеќе области.

Овие иницијативи се клучни за унапредување на капацитетите за ревизија во контекст на Планот за раст на Западен Балкан и Реформската Агенда. Дополнително, ќе ги поддржат активностите во рамките на Мрежата на ВРИ за земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ. Посетата претставува важен чекор кон зајакнување на соработката и подобрување на ефикасноста во управувањето со средствата од ЕУ, со цел постигнување на одржлив развој во регионот.