Конференцијата претставува значаен национален форум за унапредување на координираниот пристап во справувањето со неформалната економија, преку зајакната институционална соработка, размена на искуства и дефинирање конкретни мерки и активности
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Вести
- 16.02 2026Разгледувањето на конечните ревизорски извештаи во рамки на парламентарните комисии и тела претставува активност предвидена во Меморандумот за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Собранието, со цел зајакнување на парламентарниот надзор и поефикасна имплементација на ревизорските препораки
- 11.02 2026На 11 февруари 2026 година, во Собранието се одржа јавна расправа на Комисијата за финансирање и буџет на тема „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
- 06.02 2026Заклучокот од конференцијата е дека државната ревизија се соочува со заеднички предизвици поврзани со вештачката интелигенција, како и со потребата од континуирано унапредување на знаењата и зајакнување на меѓународната соработка
- 05.02 2026Големиот број на ангажирани лица преку приватни агенции за вработување, определено време и договор на дело за вршење на дејноста на СОЗР, влијае на континуираното обезбедување на услуги за други институции како и на квалитетот на информациите презентирани во финансиските извештаи за државните органи кои ги користат услугите
- 28.01 2026Со оваа билатерална соработка, Државниот завод за ревизија ја зацврстува својата определба за градење стратешки партнерства со водечки врховни ревизорски институции на глобално ниво
- 27.01 2026Општината нема донесено урбанистичките планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во заштитените подрачја, поставувањето урбана опрема е без дозволи и платени комунални такси, а субвенционирањето на јавните претпријатија во вкупен износ од 36.505 илјади денари е без Програма и претходно обезбедена согласност од Советот
- 26.01 2026Билатералната посета претставува значаен придонес за зајакнување на меѓународната соработка на Државниот завод за ревизија и унапредување на професионалните капацитети, во насока на унапредување на транспарентноста, отчетноста и ефективното управување со јавните финансии
- 13.01 2026Ревизијата утврди дека 287ха од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп, додека пак седум од вкупно 16-те зони, на вкупна површина од 203,5 ха, и една индустриска зона на површина од 3,2 ха не се ставени во функција, односно просторот на истите не е издаден на потенцијалните корисници