Државниот завод за ревизија со гордост го потврдува својот статус на водечка институција во државата во однос на интегритетот и антикорупциските практики.
Според најновите податоци од Извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, ДЗР по трет пат по ред се наоѓа на врвот на листата на институции со највисок степен на имплементација на системот за интегритет.
Овој тригодишен континуитет, кој започна во 2023 година и продолжува низ 2024 и 2025 година, јасно ја рефлектира стратешката определба на институцијата за некомпромисна примена на етичките стандарди, професионалноста и транспарентното работење, со што ДЗР се етаблира како врвен чувар на јавниот интерес и пример за интегритет во јавниот сектор.