dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Државниот завод за ревизија трета година по ред институција лидер во државата за интегритет и антикорупциски практики

02.04.2026

Државниот завод за ревизија со гордост го потврдува својот статус на водечка институција во државата во однос на интегритетот и антикорупциските практики. 

Според најновите податоци од Извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, ДЗР по трет пат по ред се наоѓа на врвот на листата на институции со највисок степен на имплементација на системот за интегритет. 

Овој тригодишен континуитет, кој започна во 2023 година и продолжува низ 2024 и 2025 година, јасно ја рефлектира стратешката определба на институцијата за некомпромисна примена на етичките стандарди, професионалноста и транспарентното работење, со што ДЗР се етаблира како врвен чувар на јавниот интерес и пример за интегритет во јавниот сектор.