ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
16.07.2026
14.07.2026
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Утврдени слабости во планирањето и реализацијата на јавните набавки во Министерството за односи меѓу заедниците
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност за јавните набавки во Министерството за односи меѓу заедниците во 2023 година и утврди слабости, во делот на планирањето на јавните набавки, доделувањето на договорите за јавни набавки, следењето и потврдувањето на извршените стоки и услуги како и приложување на потребната поткрепувачка документација
Констатирани кусоци на материјални средства, 30 преносни компјутери, исплата на 61% на име плата на вработените без податоци за нивно присуство на работа и точење на нафтени деривати во возила за кои нема потврда дека се на Министерството
Утврдени слабости во: финансиското управување, исплата на платите, јавните набавки, пописот на средствата, реализација на Програмата за финансирање на активностите на здруженијата и фондациите за 2023 година, набавката на нафтените деривати, сервисирањето на моторните возила и системот на внатрешни контроли во Министерството за односи меѓу заедниците
Работилница на тема „Јавни набавки – дилеми и предизвици
Работилницата заврши со заклучни согледувања и активна дискусија, при што беше потенцирана потребата од континуирана соработка меѓу институциите и понатамошно јакнење на капацитетите со цел обезбедување ефикасен, транспарентен и одговорен систем на јавни набавки
Работилница на тема „Управување со јавен долг“ во Државниот завод за ревизија
Во фокусот на работилницата беше улогата на државната ревизија во системот на управување со јавниот долг, при што беше нагласено значењето на транспарентноста, отчетноста и редовното известување како предуслови за одржливо управување со јавните финансии
Известување за доставување на Завршни сметки до Државниот завод за ревизија
Државниот завод за ревизија известува дека на ден 28 февруари 2026 година (сабота) ќе се обезбеди непречен прием на завршните сметки во седиштето на Државниот завод за ревизија на ул. „Павел Шатев“ број 2, Административна палата „Емануел Чучков“ во текот на целиот ден заклучно со 00:00 часот























