dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Конечен ревизорски извештај

Кои сме ние?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии

Ревизорски извештаи

Соопштенија и вести

Претседателски избори
Локални избори
Парламентарни избори
Претседателски избори

Статус на ревизии

Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН

Цели на одржлив развој

SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDGSDGUN
Organizacija
 

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"

м-р Максим Ацевски
Главен државен ревизор
 

 

e-learningИнвестициона мапа

 

 

Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8% до 5,4%, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3% до 15,5% од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг

07.04.2026
Со ревизијата е утврдено дека и покрај долгогодишното спроведување и остварениот напредок во планирањето и реализацијата на програмите за скрининг, во услови на ограничени буџетски средства, сè уште не обезбедуваат доволна покриеност на целната популација, ниту навремена дијагностика, во обем што би овозможил системско потврдување на нивниот придонес кон раното откривање на малигните заболувања и намалувањето на морталитетот. Податоците покажуваат дека кај над 80% од пациентките со рак, лекувањето започнува во подоцнежни стадиуми

Потпишан Заеднички извештај од паралелна ревизија на успешноста „Програми за рано откривање на малигни заболувања“.

07.04.2026
Ревизијата е спроведена врз основа на Меморандумот за соработка потпишан во февруари 2024 година и Спогодбата за спроведување на паралелна ревизија од март 2025 година, во согласност со Насоките за спроведување на кооперативни ревизии GUID 9000.

Реформи за одржлив пензискиот систем и соодветна грижа за старите лица се неминовни

03.04.2026
Буџетските трансфери за пензии достигнаа 690 милиони евра во 2024 година, а во 2025 година овие трансфери се очекува да го надминат наведениот износ. Стратегијата за стари лица е истечена пред повеќе од пет години, услугите за долготрајна нега се достапни за помалку од 1 отсто од постарите лица, што упатува на сеопфатни системски реформи. Постои ризик од зголемување на социјалната исклученост и дополнително оптоварување на јавните финансии во наредните децении

Државниот завод за ревизија трета година по ред институција лидер во државата за интегритет и антикорупциски практики

02.04.2026
Според најновите податоци од Извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, ДЗР по трет пат по ред се наоѓа на врвот на листата на институции со највисок степен на имплементација на системот за интегритет

ЈП Колекторски систем-Скопје работи повеќе од 35 години, без добиена дозвола за собирање, одведување и пречистување на отпадни води

09.03.2026
Јавното претпријатие Колекторски систем-Скопје во 2024 година фактурирало само 33% од испуштената пречистена вода, а со акумулирани обврски од 493.108 илјади денари односно повеќе од 8 милиони евра и блокирана сметка од неговото основање, претпријатието се соочува со сериозни финансиски предизвици, намалена ликвидност и ризици за одржливоста на работењето