dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Интензивирање на соработката со Судот за ревизија на Италија

12.04.2024

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, придружуван од неговите соработници оствари билатерална средба со Претседателот на Врховната ревизорска институција на Република Италија, г. Гуидо Карлино.

Во пријателска и продуктивна атмосфера, претставниците на двете делегации презентираа за институционалниот развој и поставеноста, успесите и напредокот низ годините, развојните перспективи и предизвиците со кои се соочуваат.

Главниот државен ревизор, г. Ацевски го истакна стремежот за интензивирање на оваа меѓународната соработка, во конструктивната соработка која ќе придонесе за остварување на заедничките цели на двете институции кон промовирање на отчетна и ефективна надворешна ревизија и ефикасно управување со јавните финансии.

Од друга страна, Претседателот на Судот за ревизија на Италија, г.Карлино, ја искористи оваа прилика да ја изрази својата поддршка и високо да ја оцени значајноста на оваа билатерална соработка во иднина, истакнувајќи ја важноста на дијалогот и взаемното учење како средства за постигнување на заедничките цели.

Како резултат на ваквата иницијатива и обединувањето на заедничките цели и интереси на двете институции за подобрување на ревизорските стандарди, процедури и практики, се склучи Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Судот за ревизија на Република Италија.

Меморандумот има за цел да го засили дијалогот помеѓу ревизорските институции, да обезбеди ефикасно споделување на информации и да поддржи взаемна помош и соработка за спроведување на висококвалитетна ревизија на управувањето со јавните финансии, заснована на принципите и стандардите на INTOSAI и EUROSAI.

Очекувањата се дека оваа соработка ќе допринесе кон подобрување на квалитетот на ревизијата, професионален развој на капацитетите на двете институции и размена на искуства и добри практики, а со тоа и зголемување на довербата.

Линк до содржината на Меморандумот за соработка:
https://dzr.mk/sites/default/files/dzr/doc/Memorandum_sorabotka_DZR_VRI_Italija_11_04_2024.pdf