dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Билатерална посета на Врховната ревизорска институција на Република Словачка

18.04.2024

Во периодот 15 - 18.04.2024 година, делегација од Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија предводена од м-р Максим Ацевски, Главен државен ревизор, оствари билатерална посета на Врховната ревизорска институција во Братислава, Република Словачка.

На работните состаноци со г-дин. Љубомир Андраши, Претседателот на ВРИ на Словачка, г-ѓа Евгенија Илиева, Амбасадор на Република Северна Македонија во Словачка и претставниците од канцеларијата на УНДП во Република Северна Македонија, преку практични примери се презентираа резултатите од спроведени ревизии во областите на ЕУ фондовите, капиталните инфраструктурни проекти и проекти во областа на здравството.

Посебен акцент беше ставен на потребата од користењето на софтверските апликации при спроведувањето на ревизиите и можностите за зајакнување на институционалните капацитети во иднина преку организирање на заеднички настани и обуки од взаемен интерес за двете врховни ревизорски институции.

Главниот државен ревизор, г. Ацевски презентирајќи ги успесите и резултатите од досегашната посветеност и напорна работа на ДЗР, посебно го искажа задоволството од континуираната поддршка која ја добива ДЗР од страна на УНДП, како и важноста од понатамошно зајакнувањето на соработката меѓу двете врховни ревизорски институции и размената на добри ревизорски практики на билатерална основа, како и во рамките на меѓународните ревизорски организации ЕУРОСАИ и ИНТОСАИ, со што ќе се придонесе за унапредување на знаењата и резултатите од извршените ревизии во насока на зголемување на отчетноста, економичноста, ефикасноста и ефективноста во користењето на јавните средства.