ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
16.07.2026
14.07.2026
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра сѐ уште не се ставени во употреба
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Државниот завод за ревизија одбележа 26 години посветена работа и институционален развој
Државниот завод за ревизија го одбележа својот 26-годишен јубилеј, истакнувајќи ја својата улога како столб на отчетноста, транспарентноста и доброто управување со јавните средства. Настанот собра високи државни претставници, амбасадори, врховни ревизори, граѓански организации и вработени – сегашни, поранешни и пензионирани потенцирајќи ја значајната улога на ДЗР како кредибилна институција во градењето доверба и унапредувањето на јавните политики
Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Со извршената ревизија на работењето на Министерството за економија и труд за 2024 година утврдено е несоодветно постапувањево процесирањето на прекршочните предмети, управувањето со јавните набавки, ИТ безбедноста и постапките за категоризација на угостителските објекти за сместување
ДЗР утврди значителни неправилности во финансиското работење на АД Државна лотарија и можни злоупотреби со паричните средства во готово
Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и непостоечки трансакции, записи без соодветна финансиска документација или поткрепени со неверодостојни документи, поради што постои сомнеж за злоупотреба на парични средства, како и незаконско работење со благајната и платежните сметки
Интегритетот како основа во борбата против корупцијата – одбележан Меѓународниот ден за борба против корупцијата
На настанот се обратија претставници од Транспаренси Интернешнл Македонија и Делегацијата на ЕУ, кои ја истакнаа важноста на интегритетот и транспарентноста во институциите























