dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Делегација на Судот за ревизија на Република Словенија во посета на ДЗР

07.03.2024

Во периодот 5-6 март 2024 година, во работна посета на Државниот завод за ревизија престојуваше Претседателот на Судот за ревизија г-ѓа Јана Ахчин која заедно со своите соработници остварија работна средба со Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми.

На работната средба, претставниците од двете Врховни ревизорски институции имаа конструктивни дискусии на повеќе заеднички теми и области на кои разменуваа искуства и позитивни практики, особено во делот на улогата и значењето на ревизорските институции во системот за превенција и борба против корупцијата, комуникациските процеси и постигнати резултати во зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на институцијата, како и за ревизија на ЕУ фондови и останати активности во вршењето на државната ревизија.

За време на билатералната средба, претставниците на двете Врховни ревизорски институции остварија работна посета и во Собранието на Република Северна Македонија каде се сретнаа и разговараа со Потпретседателот на Собранието, г. Горан Мисовски.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Судот за ревизија на Република Словенија г-ѓа Јана Ахчин изразија задоволство од досегашната успешна соработка помеѓу двете институции, воедно потенцирајќи ги очекувањата за идните заеднички активности и успешно продолжување и продлабочување на комуникацијата и соработката.