dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со министерот за одбрана

23.07.2024

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски оствари работна средба со министерот за одбрана, г. Владо Мисајловски.

Главниот државен ревизор, г. Ацевски ја потенцираше важноста на соработката меѓу двете институции во насока на подобрување на управувањето со јавните средства и транспарентноста во институциите. На средбата беше дискутирано и за спроведувањето на препораките од ревизиите, како и за плановите за идни ревизии кои ќе овозможат понатамошно унапредување на работата на субјектите од областа на одбраната.

Министерот го истакна значењето и улогата на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во државата и воедно потенцираше дека државната ревизија претставува клучен инструмент за подобрување на ефективноста и ефикасноста на користењето на јавните средства во институциите.

Двајцата соговорници се согласија дека заедничката работа и взаемната поддршка се од суштинско значење за успешна имплементација на препораките и за обезбедување на висок степен на транспарентност и отчетност на институциите, а со тоа и создавање на подобро контролно опкружување и заштита на средствата на даночните обврзници.