dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Партнерство против корупција

19.03.2024

На ден 18.03.2024 година, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заедно со своите соработници одржаа работна средба со г-ѓа Дон Кармен, директор на Канцеларијата за развој на УСАИД во државата и г-ѓа Барбара Џејмс директор на проектот „Партнерство против корупција“.

На одржаната работна средба, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски ги презентираше резултатите од работењето на ДЗР, а воедно беа разгледани и дискутирани активностите во рамки на проектните компоненти.

Проектот „Партнерство против корупција“, финансиран од УСАИД, е планиран да се имплементира во периодот 2024 – 2028 година, во кој Државниот завод за ревизија ќе биде носител на активностите заедно со останатите институции во системот за превенција и борба против корупцијата.

Целта на овој проект е Државниот завод за ревизија како една од клучните институции во имплементацијата на проектните цели, во соработка со институциите на Република Северна Македонија да придонесе кон зајакнување и унапредување на системот за превенција и борба против корупцијата во нашата земја.