ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Државниот завод за ревизија го започна процесот за подготовка на новите стратешки документи
Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски учествуваше на стратешка работилница со која започна процесот за подготовка на новите стратешки документи на ДЗР, со поддршка на Националната канцеларија за ревизија на Норвешка и експерти од INTOSAI Development Initiative (IDI).
ДЗР домаќин на меѓународна работилница за ревизија на животната средина и климатските промени
Настанот обединува претставници на врховните ревизорски институции од регионот и пошироко, како и експерти од СИГМА, УНДП и Европскиот суд на ревизори, со цел размена на искуства и унапредување на ревизорските пристапи во справувањето со предизвиците од климатските промени
Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8% до 5,4%, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3% до 15,5% од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг
Со ревизијата е утврдено дека и покрај долгогодишното спроведување и остварениот напредок во планирањето и реализацијата на програмите за скрининг, во услови на ограничени буџетски средства, сè уште не обезбедуваат доволна покриеност на целната популација, ниту навремена дијагностика, во обем што би овозможил системско потврдување на нивниот придонес кон раното откривање на малигните заболувања и намалувањето на морталитетот. Податоците покажуваат дека кај над 80% од пациентките со рак, лекувањето започнува во подоцнежни стадиуми
Потпишан Заеднички извештај од паралелна ревизија на успешноста „Програми за рано откривање на малигни заболувања“.
Ревизијата е спроведена врз основа на Меморандумот за соработка потпишан во февруари 2024 година и Спогодбата за спроведување на паралелна ревизија од март 2025 година, во согласност со Насоките за спроведување на кооперативни ревизии GUID 9000.
Реформи за одржлив пензискиот систем и соодветна грижа за старите лица се неминовни
Буџетските трансфери за пензии достигнаа 690 милиони евра во 2024 година, а во 2025 година овие трансфери се очекува да го надминат наведениот износ. Стратегијата за стари лица е истечена пред повеќе од пет години, услугите за долготрајна нега се достапни за помалку од 1 отсто од постарите лица, што упатува на сеопфатни системски реформи. Постои ризик од зголемување на социјалната исклученост и дополнително оптоварување на јавните финансии во наредните децении























