Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска.
На одржаната работна средба, двајцата соговорници разговараа за улогата и значењето на Државниот завод за ревизија, особено во делот на вршењето на ревизиите во областа на енергетиката.
Главниот државен ревизор ги сподели информациите од досегашните активности на ДЗР и дадените препораки во конечните ревизорски извештаи нагласувајќи ја потребата од преземање на конкретни мерки и активности од субјектите предмет на ревизија и надлежните органи за надминување на утврдените состојби.