dzr
ENTI SHTETËROR
I REVIZIONIT
GUARDIAN I FONDEVE PUBLIKE

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски на работна средба со министерката за енергетика

10.07.2024

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска.

На одржаната работна средба, двајцата соговорници разговараа за улогата и значењето на Државниот завод за ревизија, особено во делот на вршењето на ревизиите во областа на енергетиката.

Главниот државен ревизор ги сподели информациите од досегашните активности на ДЗР и дадените препораки во конечните ревизорски извештаи нагласувајќи ја потребата од преземање на конкретни мерки и активности од субјектите предмет на ревизија и надлежните органи за надминување на утврдените состојби.