ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
16.07.2026
14.07.2026
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
ЈП „Исар“ Штип се соочува со финансиски и еколошки предизвици, поради што генерира со 60% загуба на вода, 25,2 милиони денари обврски и отсуство на дозволи
Со ревизијата е утврдено дека ЈП „Исар“ – Штип се соочува со 60% загуба на произведената вода, недостиг од дозвола за депонирање и третман на отпадот, како и доцнење во плаќањето на 25,2 милиони денари по спогодба со Министерството за финансии, со што претпријатието е пред значајни предизвици кои може да имаат сериозни последици за неговото функционирање,и животната средина
Работна средба на Главниот државен ревизор со заменик Амбасадорот на Мисијата во Амбасадата на САД во државата
Заменик амбасадорот, поздравувајќи ги постигнувањата и успесите на Државниот завод за ревизија, изрази подготвеност за понатамошна соработка во насока на поддршка на заложбите на институцијата
Зајакнување на капацитетите во областа на фискалната анализа и проектирањето на економските политики
Преку практични вежби и изработка на графикони и табели, учесниците стекнаа дополнително разбирање за современите алатки и пристапи во анализата на фискалната политика
Главниот државен ревизор оствари средба со претставничката на Мисијата за јавни финансии поддржана од Светска банка
Главниот државен ревизор ги истакна постигнатите резултати на ДЗР, со посебен акцент на напредокот на институцијата во усогласување со современите ревизорски стандарди
Несоодветните услови во затворите и безбедносните ризици – основни проблеми во пенитенцијарниот систем
Пренатрупаноста, недоволната инвестиција во инфраструктурата, нецелосно воспоставен видео надзор, недостатокот на медицински персонал и несоодветната техничка опременост влијаат негативно врз обезбедувањето хумани услови за лицата лишени од слобода. Дополнително, ограничената примена на пробациски мерки и недоволната постпенална поддршка ја намалуваат ефикасноста на ресоцијализацијата, додека нерегуларниот надзор ја доведува во прашање усогласеноста со препораките за подобрување на состојбите























