ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
16.07.2026
14.07.2026
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
2024
Изборен процес
IV-Конечен
13.09.2025
17.04.2025
2024
Јавни претпријатија на локално ниво
IV-Конечен
13.09.2025
15.04.2025
2024
Социјала
IV-Конечен
14.09.2025
08.04.2025
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра
Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава
Воспоставување и реализација на договори за јавно приватно партнерство не обезбедуваат ефикасни јавни услуги и подобрени инфраструктурни објекти
Иако во воспоставените јавно-приватни партнерства (ЈПП) се вложени значителни средства, ревизијата за периодот од 2017 до 2024 година констатира недостатоци во законските и институционалните рамки, како и во процесите за доделување и спроведување на договорите. Овие слабости, заедно со ограничената конкуренција и несоодветно реализираните договори не ги исполниле очекувањата за обезбедување ефикасни јавни услуги и значајно подобрување на инфраструктурните објекти
ЈКП “Брегалница” Делчево со 61% загуба на вода, над 6,8 милиони денари обврски, кон државата (3,8 милиони денари) и општината (3 милиони денари) и нема обезбедено дозвола за испуштање води
ЈКП „Брегалница“ Делчево континуирано се соочува со големи загуби во водоснабдувањето. Ревизијата укажува дека помалку од половина од испорачаната вода е фактурирана на граѓаните, додека остатокот се губи поради технички дефекти, нелегални приклучоци и нефактурирана комунална потрошувачка. Овие загуби сериозно влијаат на приходите на јавното претпријатие и на даноците (ДДВ и данок на добивка) кои се приход на државниот буџет
Од срце за Кочани
Со искрено чувство на солидарност и човечност, вработените и раководството се обединија и донираа финансиски средства за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани
Државниот буџет доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Претседателските избори 2024
Од вкупните приходи на седумте кандидати учесници во Претседателски избори 2024 година во износ од 461.470 илјади денари, 354.257 илјади денари се обезбедени од Буџетот на државата, за платено политичко рекламирање на седумте кандидати























