dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Конечен ревизорски извештај

Кои сме ние?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии

Ревизорски извештаи

Соопштенија и вести

Претседателски избори
Локални избори
Парламентарни избори
Претседателски избори

Статус на ревизии

Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН

Цели на одржлив развој

SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDGSDGUN
Organizacija
 

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"

м-р Максим Ацевски
Главен државен ревизор
 

 

e-learningИнвестициона мапа

 

 

Вложуваме во човечки ресурси

29.05.2025
Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во присуство на Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, им ги врачи решенијата за унапредување на вработените кои се распоредени на работни места „Советник на главниот државен ревизор“ и „Помошник на главниот државен ревизор“, согласно последно објавените огласи за унапредување.

Oдржан годишниот состанок со Националната канцеларија за ревизија на Норвешка (NAON) во Осло

28.05.2025
Во периодот 26 - 27 мај 2025 година, претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваа на годишниот состанок за проектот за соработка со Националната канцеларија за ревизија на Норвешка (NAON), кој се одржа во Осло. Настанот претставуваше продолжение на долгогодишната успешна соработка помеѓу двете институции, со цел заедничка евалуација на постигнувањата и утврдување на приоритетите за понатамошна соработка.

Половина милијарда денари (8,5 милиони Евра) за дигитализација на матичните книги – процесот сè уште незавршен, а дел од граѓаните добиваат изводи издадени на машина за пишување

27.05.2025
И покрај тоа што дигитализацијата на матичните книги започнала пред повеќе од една деценија, и вложени се над 520 милиони денари, со ревизијата се утврди дека процесот сè уште не е завршен, односно скенирани се 52% од записите, а внесени во електронскиот регистар се 49% од предвидениот обем на активности. Недостатокот на јасна стратегија, контролни механизми и квалификувани човечки ресурси го оневозможуваат подобрувањето на услугите за граѓаните и го зголемуваат ризикот од злоупотреби и губење на податоци од трајна вредност.

ДЗР ја продлабочува соработката со ОБСЕ

21.05.2025
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски имаше средба со г. Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје на која се дискутираше за продлабочување на соработката меѓу двете институции