dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР ја продлабочува соработката со ОБСЕ

21.05.2025

Во просториите на Државниот завод за ревизија се одржа состанок помеѓу Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, и г. Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На состанокот, Главниот државен ревизор ги презентираше постигнатите резултати од работата на ДЗР,а воедно се дискутираше и за можностите за понатамошна соработка меѓу ДЗР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, особено во областите на превенција на корупцијата, јакнење на интегритетот, унапредување на транспарентноста и отчетноста, подобрување на известувањето и надзорот поврзан со изборните кампањи и финансирањето на политичките партии, како и за подготвеноста на земјата за управување со кризи.

Средбата претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и поддршка на реформските процеси во јавниот сектор, со акцент на добро управување и заштита на јавниот интерес, во рамки на новиот тригодишен стратешки план на ОБСЕ.

 

Фото 2

 

Фото 1