dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба на Главниот државен ревизор со заменик Амбасадорот на Мисијата во Амбасадата на САД во државата

15.04.2025

Во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со госпоѓа Никол Варнс, заменик-шеф (заменик амбасадор) на Мисијата во Амбасадата на САД во државата.

Главниот државен ревизор, заблагодарувајќи се на интересот за посетата, ги презентираше резултатите и активностите на ДЗР во изминатиот период, со посебен акцент на напредокот на институцијата во усогласување со современите ревизорски стандарди, зголемувањето на транспарентноста и зајакнувањето на соработката со засегнатите страни.

Тој, исто така, изрази благодарност за поддршката на Амбасадата на САД, како стратешки партнер на нашата држава на патот кон ЕУ и ја нагласи важноста на тековните активности кои се насочени кон развој на институционалните капацитети и модернизација на ревизорските процеси.

Заменик амбасадорот, поздравувајќи  ги постигнувањата и успесите на Државниот завод за ревизија, изрази подготвеност за понатамошна соработка во насока на поддршка на заложбите на институцијата.