dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Конечен ревизорски извештај

Кои сме ние?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии

Ревизорски извештаи

Соопштенија и вести

Претседателски избори
Локални избори
Парламентарни избори
Претседателски избори

Статус на ревизии

Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН

Цели на одржлив развој

SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDGSDGUN
Organizacija
 

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"

м-р Максим Ацевски
Главен државен ревизор
 

 

e-learningИнвестициона мапа

 

 

Работна средба со претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

15.09.2025
На средбата беше разговарано за активностите што ги презема Државниот завод за ревизија во насока на обезбедување на законитост во финансирањето на политичките партии за време на изборните кампањи

Енергетската транзиција како стратешки приоритет на државата се соочува со предизвици во спроведувањето на политики, обезбедување финансиски средства, технички ограничувања и изградба на нови капацитети

04.09.2025
Термоелектраните како најголеми производители на електрична енергија, но и најголеми загадувачи кои до 2030 година треба да се затворат, се уште немаат соодветна замена бидејќи АД ЕСМ, не изградило нови производствени капацитети. Дополнително, производната цена на електричната енергија на АД ЕСМ е повисока од продажната на универзалниот снабдувач, што резултира со работење со загуба и ја доведува во прашање реформата и зелената транзиција. Од друга страна, АД МЕПСО се соочува со барања за приклучок на преносната мрежата кои не може да ги одобри од технички аспект. Дополнително, проектот за изградба на далекувод 400 kV кон Албанија на Коридор 8 како регионален проект на Енергетската заедница, започнат во 2015 година е во застој

Утврдени неправилности во начинот на користењето на јавните средства во Министерството за образование и наука

02.09.2025
Со извршената ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на МОН за 2023 година утврдени се слабости во управувањето со капиталните инвестиции, недовршени објекти и неизвршени технички прием, несоодветно користење на средства за учебници за основно образование, како и ненаплатени побарувања по основ на студентски кредити стари повеќе од една деценија

Оддолжувањето на постапката за донесување на законот за климатска акција која трае повеќе од 5 години, има негативно влијание во институционален систем, координација и комуникација помеѓу институциите вклучени во процесот на климатски промени

27.08.2025
Надлежните органи во државата потребно е да преземат дополните мерки и активности за справување со климатските промени поради тоа што меѓу другото отсуства јасно дефинирана структурна поставеност, координација и комуникација помеѓу инволвираните страни во процесот на климатски промени, а Национален план за адаптација на климатските промени не е донесен