ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
16.07.2026
14.07.2026
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
2024
Здравство
IV-Конечен
13.09.2025
31.07.2025
2024
IV-Конечен
13.09.2025
24.07.2025
2024
Изборен процес
IV-Конечен
12.09.2025
10.07.2025
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Системот за интегрирано планирање на ресурсите кој го користат 40 институции од јавниот сектор е без целосна интеграција на модулите и без соодветна заштита на податоците во системот
Недефинирана сопственост врз податоците, недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи, ВПН пристап со заеднички лозинки и без двојна автентикација (потврда), како и не ажурирани резервни копии и недоволна интегрираност на модулите – се само дел од утврдените слабости кои ја нарушуваат сигурноста, достапноста и точноста на финансиските податоци. Отсуството на системски контроли и човечки ресурси со соодветни вештини го зголемува ризикот од неовластен пристап, технички пропусти и нефункционални процеси во институциите корисници на системот
Недоволна ефикасност на системот за заштита на жените жртви на насилство
Ревизијата на успешност укажува дека мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Системот за заштита е сè уште недоволно развиен, а бројките за жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство покажуваат загрижувачки континуитет, без подобрување на состојбата. Во 2023 година, мажите биле десетпати повеќе сторители на кривични дела од жените, додека жените жртви биле четири пати повеќе од мажите. Оваа состојба укажува дека обврските од Истанбулската конвенција остануваат неисполнети
Само 13% од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на население
Со извршената ревизија утврдено е дека само 13,46% од државните институции поврзани на платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека кај приватните компании овој процент е речиси трипати повисок и изнесува 36,36%. Дополнително, отсуството на системски контроли за размената на податоци меѓу институциите укажува на ризик од заобиколување на правилата за користење на единствениот регистар, што ја доведува во прашање безбедноста на личните податоци на граѓаните
ЈП Национални шуми со ниска реализација на планот за производство, зголемени долгови и намалена ликвидност
ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. – Скопје во 2023 година реализира само 66% од планираниот физички обем на производство на техничко и огревно дрво. Со акумулирани обврски во износ од 1.074.644 илјади денари, односно приближно 17,5 милиони евра и постојана зависност од револвинг краткорочниот кредит за исплата на плати, претпријатието се соочува со сериозни финансиски потешкотии, намалена ликвидност и ризици за одржливоста на работењето
Кога вештачката интелигенција останува само идеја - 48 проекти без имплементација во јавниот сектор
Вештачката интелигенција денес е глобален приоритет, но во државата сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена. Од 2012 година преку Фондот за иновации и технолошки развој се кофинансирани 48 ВИ проекти во износ од 6,1 милион евра, но поради недоволна транспарентност, слаб публицитет и отсуство на системски пристап, ниту еден од овие проекти не е имплементиран во јавниот сектор























