Ревизорски извештаи

Планирани ревизии

Претседателски избори 2019 - II 20.02.2020 2019 [4/5] Известување
Претседателски избори 2019 - I 20.02.2020 2019 [4/5] Известување
Министерство за транспорт и врски 20.02.2020 2019 [2/5] Планирање
Министерство за економија 20.02.2020 2019 [2/5] Планирање
Министерство за финансии 20.02.2020 2019 [3/5] Извршување

Фото галерија

Одржан првиот колегиум на ДЗР во засилен состав

Чет, 26.12.2019 - 14:25
Првиот колегиум на новиот ГДР, м-р Максим Ацевски беше одржан со засилен кадровски состав и на него беше утврден предлогот за Годишната програма за работа на ДЗР во 2020 година, беше дискутирано околу степенот на реализација на актуелната годишна програма за 2019 година и измените и дополнувањата по истата, а на дневен ред беше и предлог-буџетот на ДЗР

Прв состанок на Главниот државен ревизор со вработените

Вто, 24.12.2019 - 12:36
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски го одржа првиот состанок со сите вработени при што, како личност која доаѓа од редот на вработените, се заблагодари на досегашната соработка, подаде рака за понатамошна соработка на сите вработени и побара поддршка во стратегијата за трасирање на патот на ДЗР во наредните години, без да се занимаваме со историјата и со тоа што поминало и кое останува зад нас.

Максим Ацевски едногласно избран за нов главен државен ревизор

Чет, 19.12.2019 - 15:24
Со 81 глас „за“ пратениците во македонскиот парламент го избраа м-р Максим Ацевски за нов Главен државен ревизор што беше поздравено со аплауз во собраниската сала, а потоа Ацевски даде свечена заклетва пред пратениците.

Инфо–линкови од одржаната прес-конференција на вработените на ДЗР

Чет, 28.11.2019 - 15:32
Вработените во Државниот завод за ревизија одржаа прес-конференција (28.11.2019 година) на која конструктивно и аргументирано ја претставија состојбата во која се наоѓа ДЗР како Врховната ревизорска институција и упатија јасни пораки за решавање на ситуацијата, а сето тоа беше максимално професионално покриено од медиумите за кое вработените изразуваат искрена благодарност.

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ

Вто, 26.11.2019 - 15:24
Државниот завод за ревизија (ДЗР) организира прес-конференција која ќе се одржи на ден 28.11.2019 година (четврток), со почеток во 12,00 часот во просториите на ДЗР. Прес-конференцијата се свикува по повод заглавениот избор на Главен државен ревизор, ситуација со која ДЗР, како Врховна ревизорска институција, е соочена со блокада при извршувањето на законски дадениот мандат – вршење контрола на трошењето на јавните буџетски средства.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео