dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Односи со јавност

 

 

Отсуството на систем на управување со јавните инвестиции носи високи фискални ризици, неостварен економски раст и неостварени цели за подобар квалитет на животот на граѓаните

25.06.2024
Отсуството на систем за управување со јавни инвестиции и непреземањето на корективни мерки предизвикуваат застој и бавна динамика на реализација на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за реализација на проектите и високи фискални ризици за јавните финансии, како и ризик за економијата и животот на граѓаните

Критичните информациски системи во ризик

24.06.2024
Институциите и органите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита на критичните информациски системи заради отсуство на законска регулатива од областа на безбедноста на информациските системи, не усогласување со европските директиви и недоволната кадровска екипираност

Академија за финансирање на Целите за одржлив развој во Бар, Црна Гора

23.06.2024
Целта на настанот беше учесниците да добијат информации за алатките кои се користат за подобрување на одржливите финансии во Западен Балкан, иновативното финансирање, даноците за ЦОР, поврзување на ЦОР со буџетот

Руралните жени на пазарот на трудот, без доволна институционална поддршка

20.06.2024
Mерките и активностите за родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд кои се преземаат од страна на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни со цел вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и задржување во руралните средини

Слабости во контролите на Фондот за извршените здравствени услуги од страна на здравствените установи

19.06.2024
Изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година