ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
24.07.2026
23.07.2026
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Отсуството на инспекциски надзор ја намалува ефективноста на контролите во студентските домови
Со извршената ревизија утврдени се слабости во спроведувањето на инспекцискиот надзор во студентските домови и воспитно-образовните установи, што резултира со недоволна контрола врз процесите на прием, сместување и евидентирање на студентите, како и со намалена ефикасност во оценувањето на квалитетот на образовните институции. Недостигот на редовни и вонредни инспекции, кадровските слабости и отсуство на имплементација на препораките од претходните ревизии создаваат ризик за несоодветно функционирање и неисполнување на законските обврски
Слабости во реализацијата на мерките за вработување и нерамномерна распределба на средства во 2023 година
Во 2023 година, утврдени се слабости во спроведувањето на мерките за вработување, вклучително и нерамномерна распределба на средства меѓу планските региони. Утврдени се и пропусти во активностите за обука на напредни ИТ вештини што е една од целите на Агенцијата
Работна средба со претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од Вашингтон
Во фокус на одржаната работна средба беше дискусија во врска со антикорупциски мерки и активностите на ДЗР во системот за превенција и борба против корупцијата, како и клучните утврдени состојби нотирани во извештаите на ДЗР
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Институтот на сметководители и овластени сметководители
Првите луѓе на ДЗР и ИСОС заеднички оценија дека ова партнерство претставува значаен чекор кон подобрување на професионалните практики и креирање додадена вредност во работењето на двете институции
Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
Со извршената ревизија за работењето на Централниот регистар утврдени се неправилности, вклучувајќи продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри. Дополнително, утврдени се проблеми со долгови, неправилности во вработувањето и законски недоречености кои влијаат на ефективноста на институцијата























