ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Конечен ревизорски извештај
Кои сме ние?
Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии
Ревизорски извештаи
Соопштенија и вести
24.07.2026
23.07.2026
Статус на ревизии
Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН
2024
Економија
IV-Конечен
14.09.2025
29.04.2025
2024
Јавни претпријатија на локално ниво
IV-Конечен
13.09.2025
24.04.2025
Цели на одржлив развој

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"
м-р Максим АцевскиГлавен државен ревизор
Половина милијарда денари (8,5 милиони Евра) за дигитализација на матичните книги – процесот сè уште незавршен, а дел од граѓаните добиваат изводи издадени на машина за пишување
И покрај тоа што дигитализацијата на матичните книги започнала пред повеќе од една деценија, и вложени се над 520 милиони денари, со ревизијата се утврди дека процесот сè уште не е завршен, односно скенирани се 52% од записите, а внесени во електронскиот регистар се 49% од предвидениот обем на активности. Недостатокот на јасна стратегија, контролни механизми и квалификувани човечки ресурси го оневозможуваат подобрувањето на услугите за граѓаните и го зголемуваат ризикот од злоупотреби и губење на податоци од трајна вредност.
ДЗР потпиша меморандум со проектот „Заедници со интегритет“
Државниот завод за ревизија потпиша Меморандум со проектот „Заедници со интегритет“, поддржан од владите на Швајцарија и Шведска
ДЗР ја продлабочува соработката со ОБСЕ
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски имаше средба со г. Умер Ал-Катиб, раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје на која се дискутираше за продлабочување на соработката меѓу двете институции
Делегација на ДЗР во посета на Судот на ревизија на Кралство Белгија
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски оствари билатерална средба со делегацијата на Судот на ревизори на Кралството Белгија предводена од Претседателот на судот Г-ѓа Флоренс Тис (Florence Thys - Cour des Comptes) посветена на непосредно запознавање со мисијата, целите и работењето на двете Врховни ревизорски институции
Делегација на ДЗР на студиска посета во НАТО
Во организација на Меѓународниот одбор на ревизори, делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваше на студиска посета и обука во седиштето на НАТО во Брисел























