dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Конечен ревизорски извештај

Кои сме ние?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии

Ревизорски извештаи

Соопштенија и вести

Претседателски избори
Локални избори
Парламентарни избори
Претседателски избори

Статус на ревизии

Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН

Цели на одржлив развој

SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDGSDGUN
Organizacija
 

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"

м-р Максим Ацевски
Главен државен ревизор
 

 

e-learningИнвестициона мапа

 

 

Во дел од населените места ревизијата утврди изведени градби и градежни активности на објекти за индивидуално домување и хотелски комплекс, за кои не е платен надоместок за уредување на градежно земјиште и не се издадени одобренија за градење

26.01.2026
Општината нема донесено урбанистичките планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во заштитените подрачја, поставувањето урбана опрема е без дозволи и платени комунални такси, а субвенционирањето на јавните претпријатија во вкупен износ од 36.505 илјади денари е без Програма и претходно обезбедена согласност од Советот

Билатерална посета на Врховната ревизорска институција на Индија во Државниот завод за ревизија

26.01.2026
Билатералната посета претставува значаен придонес за зајакнување на меѓународната соработка на Државниот завод за ревизија и унапредување на професионалните капацитети, во насока на унапредување на транспарентноста, отчетноста и ефективното управување со јавните финансии

Слабостите во капиталните инвестиции и исплатите по склучени договори создаваат финансиски и правни ризици за ДТИРЗ

13.01.2026
Ревизијата утврди дека 287ха од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп, додека пак седум од вкупно 16-те зони, на вкупна површина од 203,5 ха, и една индустриска зона на површина од 3,2 ха не се ставени во функција, односно просторот на истите не е издаден на потенцијалните корисници

Државниот завод за ревизија ја донесе Годишната програма за работа за 2026 година

30.12.2025
Согласно пропишаните критериуми во Упатството за стратешко и годишно планирање на ревизиите, ДЗР во 2026 година планира да изврши најмалку 237 ревизии, од кои 217 ревизии на регуларност, 13 ревизии на успешност и 3 ревизии на усогласеност и 4 ревизии на спроведување на дадените препораки содржани во Конечните ревизорски извештаи од минат период

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

30.12.2025
Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет, според макроекономските индикатори објавени од страна на МФ за 2024 година изнесува 4,4% од БДП и е понизок во однос на 2023 година кога изнесуваше 4,8% од БДП