dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Конечен ревизорски извештај

Кои сме ние?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) е независна врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија, која транспарентно, навремено и објективно ги информира надлежните институции и јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии

Ревизорски извештаи

Соопштенија и вести

Претседателски избори
Локални избори
Парламентарни избори
Претседателски избори

Статус на ревизии

Планирање | Извршување | Нацрт | КОНЕЧЕН

Цели на одржлив развој

SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDG SDGSDGUN
Organizacija
 

"Да се научиме да управуваме со ризиците за да ги спречиме последиците"

м-р Максим Ацевски
Главен државен ревизор
 

 

e-learningИнвестициона мапа

 

 

Само 13% од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на население

18.08.2025
Со извршената ревизија утврдено е дека само 13,46% од државните институции поврзани на платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека кај приватните компании овој процент е речиси трипати повисок и изнесува 36,36%. Дополнително, отсуството на системски контроли за размената на податоци меѓу институциите укажува на ризик од заобиколување на правилата за користење на единствениот регистар, што ја доведува во прашање безбедноста на личните податоци на граѓаните

ЈП Национални шуми со ниска реализација на планот за производство, зголемени долгови и намалена ликвидност

13.08.2025
ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. – Скопје во 2023 година реализира само 66% од планираниот физички обем на производство на техничко и огревно дрво. Со акумулирани обврски во износ од 1.074.644 илјади денари, односно приближно 17,5 милиони евра и постојана зависност од револвинг краткорочниот кредит за исплата на плати, претпријатието се соочува со сериозни финансиски потешкотии, намалена ликвидност и ризици за одржливоста на работењето

Кога вештачката интелигенција останува само идеја - 48 проекти без имплементација во јавниот сектор

11.08.2025
Вештачката интелигенција денес е глобален приоритет, но во државата сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена. Од 2012 година преку Фондот за иновации и технолошки развој се кофинансирани 48 ВИ проекти во износ од 6,1 милион евра, но поради недоволна транспарентност, слаб публицитет и отсуство на системски пристап, ниту еден од овие проекти не е имплементиран во јавниот сектор

Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за давање на дополнителни услуги и остварување на дополнителни приходи во корист на спортската сала Борис Трајковски

07.08.2025
Ревизијата на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ за 2023 година утврди нефункционални објекти и реквизити, затворен Aква парк, неизвесност околу иднината на соларниот систем и пропуштени можности за дополнителни приходи

Одговор на Државниот завод за ревизија во врска со изјавата на директорот на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид

06.08.2025
Почитувани, Во однос на изјавата на директорот на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид, г. Сашо Најдески, дадена за Телевизија 24 на ден 05.08.2025 година, во која се негираат одредени наоди утврдени од страна на Државниот завод за ревизија, сметаме за неопходно да ја информираме јавноста точно, прецизно и транспарентно