dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соопштенија и вести

06.02.2020
Државниот завод за ревизија го доби новиот заменик главен државен ревизор, трет во неговата 20-годишна историја, кој доаѓа од редот на вработените сo 15 години ревизорски стаж
03.02.2020
Националниот демократски институт (НДИ) спроведува програма за поддршка на македонското собрание поддржана од швајцарската агенција за развој и соработка
30.01.2020
Во рамки на “Годишната програма за континуирано професионално усовршување и обуки за 2020 година“ беше организирана тридневна обука за вработените во Државниот завод за ревизија
29.01.2020
Претставниците на двете делегации посветија особено внимание на процесот на подготовка и мониторирање на парламентарните избори закажани за 12 април годинава
29.01.2020
Експертите на ММФ спроведуваат мисија за Проценка на управувањето со јавните инвестиции – ПИМА во Република Северна Македонија преку реализирање на состаноци со претставници од повеќе надлежни институции во земјата
20.01.2020
Државниот завод за ревизија беше домаќин на состанокот на претставниците на Европската унија во Скопје, г. Врек Јанмат и г-ѓа Паулина Станоева со Главниот државен ревизор, г. Максим Ацевски
10.01.2020
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски одржа работен состанок со претседателот на Центарот за граѓански комуникации, Герман Филков и Програмската директорка, Сабина Факиќ.
08.01.2020
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски одржа работен состанок со претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски и Извршниот директор на здружението, Драган Секуловски. Состанокот се реализираше по иницијатива на Главниот државен ревизор и Државниот завод за ревизија (ДЗР) во насока на зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу ДЗР И ЗНМ, со цел поголема транспарентност и отвореност на Државниот завод за ревизија како институција којашто е од особена важност за граѓаните на Република Северна Македонија.
03.01.2020
Традиционалното предновогодишно дружење на децата на вработените во Државниот завод за ревизија годинава беше збогатено со садење на дрвца од нивна страна, акција која се изведе во координација со Јавното претпријатие паркови и зеленило, при што годинава беа засадени и дрвца од самите деца.
03.01.2020
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски им ги врачи новите решенија на четири вработени во Државниот завод за ревизија кои од 01.01.2020 година се стекнаа со статусот помлад ревизор. Во новата година Албана Алију, Исмаил Металари, Метин Буши и Самире Бислими ќе го засилат актуелниот ревизорски кадар на Државниот завод за ревизија и ќе почнат со ревизорска работа на терен.