dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соопштенија и вести

18.09.2020
Обуката беше реализирана од страна на предавачите Јасна Бачовска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Бојан Кордалов, експерт за односи со јавност и нови медиуми
18.09.2020
Работилницата е продолжување на активностите во рамките на проектот што се реализира меѓу ДЗР и Фондацијата за демократија на Вестминстер која има за цел имплементација на „Комуникациската стратегија на ДЗР 2020-2023 година“
31.07.2020
Преку интерактивен пристап и вежби државните ревизори работеа на зајакнување на комуникациски вештини преку обработка на конечните ревизорски извештаи со цел пишување на соопштенија за медиумите
29.07.2020
Меморандумот потпишан меѓу ДЗР и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија има за цел унапредување на соработката во вршењето на законските надлежност и размена на податоци и искуства
13.07.2020
Учесниците во изборната кампања можат да поднесат Извештај за примени донации за финансирање на изборната кампања од единаесеттиот ден до завршувањето на изборната кампања
08.07.2020
Државниот завод за ревизија упатува благодарност до Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за успешно реализираната храбра и пожртвувана акција во просториите на ДЗР
06.07.2020
За покажаниот ангажман и придонес во справувањето со пандемијата предизвикана од Коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче му додели благодарница на ДЗР
03.07.2020
Државниот завод за ревизија известува дека согласно Ревидираниот роковник заверен под број 04-467/2 од 16.06.2020 година за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година, и Одлуката заверена под број 04-467/3 од 28.06.2020 година за измена на ревидираниот роковник донесена од Државната изборна комисија, Учесниците во изборната кампања можат да поднесат  Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка согласно одредбите од Изборниот Законик, на  4 јули 2020 година во седиштето на Државниот завод за ревизија, на улица „Павел Шатев“ број 2, Скопје, административна палата „Емануел Чучков“ согласно утврдената временска рамка.
30.06.2020
Државниот завод за ревизија го објави „Годишниот извештај за работењето на ДЗР за 2019 година“ во кој се содржани вкупно 54 ревизии со кои беа опфатени 174 субјекти предмет на ревизија
11.06.2020
Спроведувајќи ја акцијата „ЗД Принт Медицинска опрема“, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) донираше заштитни визири за Државниот завод за ревизија