dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Билатерална средба во Сараево

24.03.2023
Слика
Потпишување на Меморандумот за соработка

На покана на врховната ревизорска институција на Босна и Херцеговина, делегација од Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари билатерална средба во Сараево.

Главните државни ревизори на двете институции г. Максим Ацевски и г. Хрвоје Твртковиќ, потпишаа Меморандум за соработка со кој се официјализира идната заедничка соработка за професионален развој и соработка на двете институции.

На билатералната средба се одржаа повеќе работни состаноци на кои претставниците од двете врховни ревизорски институции разменуваа искуства и позитивни практики во работењето и вршењето на државната ревизија, како и за соработката и комуникацијата со надворешните засегнати страни.

Меморандумот за соработка предвидува продлабочување на соработката на двете ВРИ во организација и спроведување на заеднички едукативни активности и остварување на целите кои се наведени во потпишаниот Меморандум за соработка.