dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Дарувај крв, спаси живот!

21.12.2022
Слика
Крводарителска акција во ДЗР

Под мотото “Во светот полн со 0 позитивни, да бидеме нечиј АБ негатив – ретки и неопходни“ Државниот завод за ревизија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на РСМ организираa доброволна крводарителска акција.

По повод 25 годишнината од донесениот прв Закон за државна ревизија (1997 година) и 23 години од напорно и успешно работење на ДЗР (1999 година) докажувајќи ја неговата улога како кредибилна, независна институција со висок интегритет за надзор на јавните средства и заштита на интересите на граѓаните, денес на 20 декември 2022 година, по втор традиционален пат се организираше крводарителска акција.

Околу 30-тина вработени на Државниот завод за ревизија  несебично ја покажаа нивната хуманост на дело со дарување крв, се со цел подигање на свеста за доброволното дарување крв, а со тоа спасување на животи и градење на солидарноста во нашето општество.

Крводарителството е најважната социјална услуга за човештвото и исклучиво доброволна акција, која некому значи живот. Со само една дарувана кеса крв, може да се спасат 3 до 4 човечки животи.

Со оваа иницијатива, која и во иднина ќе ја организираме, Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во РСМ, сака да даде придонес за здравствениот систем како општествено одговорна институција.

Дарувај крв, спаси живот!

 

 https://youtu.be/blJGOidZ8Ts

https://play.mrt.com.mk/play/58299