dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Контрола на трошоците во кризна состојба

26.12.2022
Слика
м-р Максим Ацевски (лево) за време на своето излагање

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, зборуваше на панел дискусија на тема Cost controlling во кризна состојба и влијание врз буџетот во 2023 година, организирана од Академијата за банкарство и информатичка технологија - АБИТ во соработка со германскиот Институт Хајделберг.

На 22 декември 2022 година, беше организирана конференција на тема „Управување со трошоци и агилно планирање во криза“, во која учествуваа високи претставници и експерти на јавни и приватни институции од земјата и странство.

“Контролинг – единствениот извор на вистината! Контролингот е одговорен за квалитетот на информацијата / а наспроти тоа менаџментот е одговорен за квалитетна одлука заснована на информациите од контролингот! Контролинг – идеално место во правниот субјект кој треба да биде расадник на знаење, зголемување на знаењата и вештините на сите нивоа на менаџмент со што ќе се обезбеди подобрување на нивното работењето, работењето на правните субјекти и остварување на нивните цели, а во исто време и подобрување на општеството“ - истакна меѓу другото во своето излагање Главниот државен ревизор Ацевски.

Главниот државен ревизор, реферирајќи се на успесите и резултатите содржани во Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2021 година, на конференцијата ја истакна улогата, мисијата и заложбата на ДЗР да придонесе за здраво финансиско управување со јавните средства, па оттука, водење грижа за јавните средства и давање јасни и ефективни препораки со кои се придонесува за унапредување на управувањето со истите.

На настанот беа презентирани и резултатите од новото истражување - европската студија под менторство на Франкфуртската школа, на тема: „Контролинг/Управување со сметководствена организација на децентрализирани единици“, во соработка со Hays и ICV.