dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Билатерална средба во Република Србија

16.12.2022
Слика
Билатерална средба во Република Србија

На 14 и 15 декември 2022 година, се одржа билатерална средба помеѓу претставниците на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија и  Државната ревизорска институција на Србија.

На средбата, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и  претседателот и генералниот државен ревизор на ДРИ, д-р Душко Пејовиќ, го истакнаа задоволството од  досегашната соработка помеѓу двете ревизорски институции, како и постигнатите резултатите од спроведената паралелна ревизија.

Ревизорските тимови ги споделија своите искуства и резултати од спроведената паралелна ревизија на успешност на тема „Рамномерниот регионален развој со посебен акцент на демографијата“.

На средбата беше утврдена временската рамка за изработка на заедничкиот извештај од паралелната ревизија, а воедно се разгледуваа и предлози за паралелната ревизија која треба да се спроведе во наредниот период.