Односи со јавност

 

 

Заврши твининг проектот на ДЗР

11.09.2019 - 12:07
На 14 декември 2017 година официјално Државниот завод за ревизија започна со реализација на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“, кој е финансиран од ИПА 2013 фондовите на Европската унија.

Објавен Годишниот извештај на ДЗР за 2018 година

28.06.2019 - 22:19
Годишниот извештај за работењето на ДЗР во 2018 година е доставен до Собранието на Република Северна Македонија и истиот е објавен на официјалната WEB страница на ДЗР на три јазици: македонски, албански и англиски

Состанок на Контакт комитетот во Варшава

27.06.2019 - 12:37
Варшава е домаќин на 28-те раководители на највисоките ревизорски институции (ВРИ) на Европската унија и на Европскиот суд на ревизори кои го формираат Комитетот за контакт. Со Комитетот претседава Претседателот на Врховната ревизорска канцеларија на Република Полска, Кшиштоф Квитковски.

Еднодневна работилница на ДЗР и СИГМА

05.04.2019 - 22:43
Со цел да обезбедат што повеќе информации и сознанија за моменталната состојба со која се соочуваат ревизорите во ДЗР, кога е во прашање задолжителното вршење ревизија на спроведување на основниот буџет и на буџетите на крајните буџетски корисници, претставниците на СИГМА одржаа еднодневна работилница во Скопје.

Едукација на државните ревизори

04.04.2019 - 22:46
Државниот завод за ревизија, како еден од своите стратешки приоритети секогаш ги има државните ревизори и нивните професионални надградби и усовршувања. Затоа, и во месец март продолживме со спроведување на нови теми во насока на реализација на Годишниот план за континуирано усовршување и обуки за 2019 година.