dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Потпишан меморандум за соработка со UN Women

08.06.2021
Слика
Потпишување на протоколот со UN Women

На 04.06.2021 година, Државниот завод за ревизија и Телото на Oбединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women потпишаа Меморандум за разбирање и соработка.

Овој меморандум се потпиша со цел двете страни да соработуваат во унапредување на спроведувањето на обврските за родова еднаквост во согласност со националните закони и политики  како и преземените меѓународни обврски и промовирање на родово одговорното управување со јавните средства и отчетност преку систематско спроведување на родово одговорно буџетирање како алатка за креирање политики.

Во насока на исполнување на зацртаните цели веќе се одржаа серија на работилници на кои присуствуваа 90 вработени од Државниот завод за ревизија. Во првата онлајн сесија која се одржа на 26 мај 2021 година учесниците се запознаa со основните концепти за родовата еднаквост и родово-одговорното буџетирање. Државниот завод за ревизија е една од институциите во која постои висок степен на родова балансираност, како во менаџментот на институцијата, така и помеѓу овластените државни ревизори.

Втората сесија на обуки со физичко присуство се реализираше на 31 мај, 2 и 4 јуни во Хотел Белви, каде учесниците се запознаа со методологијата за Родово одговорно буџетирање и иницијативите за подобрување на секторските програми во поголем број државни институции од родова перспектива, преку процесот на подготовка на Родово буџетски изјави.