dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР и Економскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

09.06.2021
Слика
Потписниците на меморандумот

На ден 03.06.2021 година, Државниот завод за ревизија и Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.

Државниот завод за ревизија и Економскиот факултет, со потпишувањето на меморандумот за соработка изразија согласност да соработуваат преку заеднички активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста.

Во таа насока, некои од договорените заеднички цели се:

  • Oрганизирање на форуми, семинари и работилници;
  • Подготвување и издавање на публикации, статии, прирачници и коментари од областа на ревизијата;
  • Соработка со цел поврзување и приближување на теоријата со праксата за потребите на студентите.