Настанот претставува одлична можност за размена на знаења, добри практики и соработка помеѓу Врховните ревизорски институции членки на EUROSAI
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА
Вести
- 04.09 2025Термоелектраните како најголеми производители на електрична енергија, но и најголеми загадувачи кои до 2030 година треба да се затворат, се уште немаат соодветна замена бидејќи АД ЕСМ, не изградило нови производствени капацитети. Дополнително, производната цена на електричната енергија на АД ЕСМ е повисока од продажната на универзалниот снабдувач, што резултира со работење со загуба и ја доведува во прашање реформата и зелената транзиција. Од друга страна, АД МЕПСО се соочува со барања за приклучок на преносната мрежата кои не може да ги одобри од технички аспект. Дополнително, проектот за изградба на далекувод 400 kV кон Албанија на Коридор 8 како регионален проект на Енергетската заедница, започнат во 2015 година е во застој
- 02.09 2025Со извршената ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на МОН за 2023 година утврдени се слабости во управувањето со капиталните инвестиции, недовршени објекти и неизвршени технички прием, несоодветно користење на средства за учебници за основно образование, како и ненаплатени побарувања по основ на студентски кредити стари повеќе од една деценија
- 27.08 2025Надлежните органи во државата потребно е да преземат дополните мерки и активности за справување со климатските промени поради тоа што меѓу другото отсуства јасно дефинирана структурна поставеност, координација и комуникација помеѓу инволвираните страни во процесот на климатски промени, а Национален план за адаптација на климатските промени не е донесен
- 25.08 2025Недефинирана сопственост врз податоците, недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи, ВПН пристап со заеднички лозинки и без двојна автентикација (потврда), како и не ажурирани резервни копии и недоволна интегрираност на модулите – се само дел од утврдените слабости кои ја нарушуваат сигурноста, достапноста и точноста на финансиските податоци. Отсуството на системски контроли и човечки ресурси со соодветни вештини го зголемува ризикот од неовластен пристап, технички пропусти и нефункционални процеси во институциите корисници на системот
- 21.08 2025Ревизијата на успешност укажува дека мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Системот за заштита е сè уште недоволно развиен, а бројките за жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство покажуваат загрижувачки континуитет, без подобрување на состојбата. Во 2023 година, мажите биле десетпати повеќе сторители на кривични дела од жените, додека жените жртви биле четири пати повеќе од мажите. Оваа состојба укажува дека обврските од Истанбулската конвенција остануваат неисполнети
- 19.08 2025Со извршената ревизија утврдено е дека само 13,46% од државните институции поврзани на платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека кај приватните компании овој процент е речиси трипати повисок и изнесува 36,36%. Дополнително, отсуството на системски контроли за размената на податоци меѓу институциите укажува на ризик од заобиколување на правилата за користење на единствениот регистар, што ја доведува во прашање безбедноста на личните податоци на граѓаните
- 14.08 2025ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. – Скопје во 2023 година реализира само 66% од планираниот физички обем на производство на техничко и огревно дрво. Со акумулирани обврски во износ од 1.074.644 илјади денари, односно приближно 17,5 милиони евра и постојана зависност од револвинг краткорочниот кредит за исплата на плати, претпријатието се соочува со сериозни финансиски потешкотии, намалена ликвидност и ризици за одржливоста на работењето
- 12.08 2025Вештачката интелигенција денес е глобален приоритет, но во државата сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена. Од 2012 година преку Фондот за иновации и технолошки развој се кофинансирани 48 ВИ проекти во износ од 6,1 милион евра, но поради недоволна транспарентност, слаб публицитет и отсуство на системски пристап, ниту еден од овие проекти не е имплементиран во јавниот сектор